Таквиот систем на лажно јас е легло на параноидни стравови, бидејќи лесно доаѓа до тоа системот на лажно јас, којшто се шири за да опфати сѐ и од којшто сопственото јас се има откажано, сметајќи го за чисто огледало на туѓиот реалитет (објект, предмет, механизам, робот, мртовец), да почне да се смета како туѓо присуство или туѓа личност во своина на индивидуата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тој имаше силна внатрешна моќ, широка и добра душа, но кревко срце кое лесно доаѓаше во судир со спротивставените властољубиви, кариеристички, бирократски сили.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајка лесно доаѓаше до италијански материјали за да шие облека за себе и за децата, според нејзиниот каталог Ла Ринашенте. Но не за долго.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога читаше делови од Татковата книга, на Мајка најголем впечаток ѝ направија Татковите согледби според кои Албанците, во судирите со империите на Балканот, како и при нивните падови, најчесто го извлекувале „подебелиот крај”, при што лесно доаѓало до религиозните конверзии, милум или силум.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Лесно доаѓа до овердоуз:десетина таблети можат да ве убијат, а ако ги мешате со алкохол доволни се и пет.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Османскиот парламент бил распуштен од Султанот, конзервативниот политичар Дамат Ферит, верен пријател на Англија, лесно доаѓа на врвот на власта и објавува судско гонење на тогашните државници, наводно одговорни за стапување во војна на Империјата, на страна на Германија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)