Свикнат да се препушта на своите претчувства, тој цела ноќ око не заклопи: божем некој јорганџија без престан дрндаше памук покрај неговото лево уво, додека десното свесно се расправаше со реалните гласови на Блатието, со криците на чапјите и со шлапкањето на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Ако правиш пак гости, ќе те испратам кај господа, му вели војводата, да не речеш дека не ти кажав, му вели. Ама од лево уво влегло, од десно уво излегло кажаното.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Асоцијацијата е премногу директна: со дланка положена врз завојот, поетот без лево уво, си ветува, без оглед на гнасењето со кое Таткото го фрли понуденото уво, дека следната белешка во дневникот ќе биде онаа за Поезијата и Историјата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Магвампот ја става јамката околу главата на момчето и го затегнува јазолот околу неговото лево уво.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се гордеам со моето педигре, се гордеам со искасапеното лево уво, се гордеам со загубениот вид на, исто така левото, око, си мисли К*, окото го загубив уште како штене, ми остана само едно по борбата околу контејнерот, но сепак, и тоа ми е доволно, си мисли К* и се чеша под пазувите.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Неколку пати му доаѓа одзади и му го забива курот во газот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)