Потпри си го образот до моето лево рамо.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
А тоа стана многу попросто отколку што очекуваше, едноставно, како што се забуца еднаш челичната острица во старата ленена кошула: прсна панцирот на мракот кај неговото лево рамо и откри отпрвин врелина и напнатост, потоа и млак бол.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Додека госпоѓа Мариела ѝ ја раскажуваше приказната за младата актерка во филмот “Ден повеќе”, Ема со левата рака ѝ ја стегаше десната на својата пријателка која лесно беше положена во нејзиниот скут, а својата десна рака во благо движење и ја спушташе на нејзиното лево рамо, гледајќи ја цело време в очи со пријателски чувства кои во мигот се вплотија во она што следуваше потоа: забите на Ема ѝ блеснаа и тој блесок имаше исто значење со она што се слушна од нејзината уста: “Ти си срце”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)