кротко (прил.) - и (сврз.)

Со таа измореност, што му се гнездеше во секој зглоб, и со грчевите глад во стомакот, и со онаа врзаност во своите жили, и со денот, што згаснуваше кротко и трпеливо, сето тоа не значеше навистина ништо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тој ме погледна, се насмевна кротко и рече: „Знам. И затоа молитва чинам“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Новото дете беше интересно, добро, кротко и весело.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Одиме, Биле, - ѝ велам кротко и ја фаќам за раче. Таа послушно оди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)