И како таа сила подоцна, на враќање, да ги известувала селата што им биле на пат или во близината на патот да остават на видливи места стомни со ракија, венци лук и сено - минуваат чумосани сеништа што не ќе се смилостиват под влијание на туѓа добрина да не се стрчаат со итрина на стаорци и да не ја седнат крај нечија софра смртта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уште кога луѓето кришум се определувале за едниот или за другиот Онисифор, за Проказник со лузна на лицето или за веќе покојниот Мечкојад, можело да се случи да се пресметуваат дури и на спиење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Навраќајте во него за да се присетите и за мене, зошто јас постојано се соживував со вас и стрпливо поднесував сѐ што се случуваше; страдав кога со вас нешто тешко ќе се случеше, а кришум се радував и се лутев поради вашите немирлаци; сетете се и за вас, мили деца, за вашите први денови, кога како преплашени зајчиња се припивавте кон клупите и плачливо се држевте за рацете на вашите мајки.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)