кришум (прил.) - му (зам.)

Боцките околу устата наутро му биле остри и можело да се поверува дека нечија рака кришум му ги сади на лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа кришум му доаѓаше на широчината со плашливо обѕирање вадеше од својата торба јадење.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Еј, луѓе, сега си одам, - рече Кире и замина, чекорејќи со високо крената глава, свесен за тоа дека кришум му се восхитуваме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Истоштениот чувствувал на овој пат дека видовитоста не му е туѓа, дека за чудовиштето што ги следело ноќе знае повеќе од другите. Ја нишал главата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кучето пред вратата на кое Калчо пред малку кришум му го разлабави сиџирот, одненадеж разлутено како риз, напна и се фрли врз Бузо, в гради.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)