крвав (прил.) - глава (имн.)

Се прпелкав во постелата и проколнував, го проколнував мигот на моето раѓање, ја проколнував мајка што не ги стиснала нозете да го смачка малото крваво главче кое едвај што подизлегло надвор од неа; ја проколнував утробата на мојата мајка што ме додржала девет месеци, што не ми станала гроб; го проколнував семето на мојот татко, и неговиот копнеж да ѝ се приближи на мојата мајка во ноќта на моето зачнување; ја проколнував и таа ноќ на зачнувањето, го проколнував и првиот ден на првите луѓе, и нивната прва страст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Очајот се беше претворил во физичка болка, се прпелкав во креветот, и проколнував, немав друг лек за болката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)