Возам по истиот пат – не пат. Кратко се задржавме во Подгорје, каде се распрашавме дали некој памети за многу луѓе кои пред многу години поминаа по тука.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ама кога се гине многу, кратко се памети. „Огнот во туѓа рака никогаш не жежи“ , велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Оди од кревет до кревет, кратко се задржува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Уште при будењето го здогледував нејзиниот лик, потоа неколку часа одеше да ги риба подовите кај некои од побогатите семејства, а откако ќе се вратеше остануваше крај мене, и само на кратко се оддалечуваше од мојата постела, за да го потсреди домот или да зготви нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Па се врти кон витрината и кратко се задржува барајќи ја во аптеката вистинската мешавина, а тие сите исти и, држејќи го в рака како да е „драгуљ“, го предава на болниот и неговата придружба наплаќајќи го како бесценет камен.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)