Господи, Ти колку си го пуштил векот... Угоре високо - удолу тврдо... ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Беа дојдени на работа уште пред сонце, тогаш никој не прашуваше за времето и за тоа колку си работел, за сите беше важно работата да се врши и да се искористи времето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Колку си ја сакала самотијата сестра Ангелина, колку си ја почитувала немоста и безответноста, мирисот и тишината во храмот, црната одежда и својата ангелска бестелесност (самата така се чувствувала), толку не ги сакала натрапниците, накинџурените, раскокотени и разголени визитарки и визитари кои, најчесто, не доаѓале на духовно поклонение во манастирската светост, туку да им помине времето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Други го задеваа дедот Петка: — А бреј, стари вапиру, каде токо и влечкаш виа пуста жени, бре? Колку си излагал и ошче колку ли ќе земиш на душа?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Легенди денес, Пирин, се шират за Јане, борци, убост и лад, - колку си, колку прекрасен Пирин и вечно убав и вечно млад!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)