кога (прил.) - јас (зам.)

Потоа размислува малку и се прашува: - А што ли ќе имаме кога јас ќе станам дедо?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Чичко ми беше многу млад кога јас растев во малиот стан во Мичурин.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Кога јас бев дете немаше авиони. Немаше ни автомобили, ни телевизори...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
ХЕРЦОГ: Кога јас би знаел да се одморам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Но, кога јас настапив со мојата дискусија, внимателно ме следеше и како што врвеше времето, му се гледаше на лицето и во погледот дека полека ја прифаќа мојата теза барем засега да не се градат браните на реката, а со тоа јагулите слободно да си го минуваат патот до морето, океанот и назад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Те замолив да ги соблечеш алиштата со кои беше на лов и да облечеш чисти, но ти се инаетеше и рече дека нема тоа да го направиш, во тој момент кога јас сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се уште не сум ја расчистила дилемата дали повеќе му се радував нему или на играчките.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)