Биди ми ден кога е ноќ за да сум среќна во него... биди ми сон кога сум будна за да ми бидеш реалност... биди ми збор кога животот ми тежи... допир за да те чувствувам мисла за да не заборавиш една случајност...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Моите чувства останаа замрзнати, моите сетила се бесчувствени, моите погледи се изгубени, зошто моето срце сѐ уште е крај тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И сега кога сум далеку жалам за тоа што не го искажав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ретко кога сум била волку настината, долготрајно со ангина и кивавица.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Посакав, и научив, да уживам во себе, во фотелјата во која седам. Уживам кога сум дома.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Кога сум дома, пушам на балконот. Знаете, децата, жената никој не пушат. А пушењето е поштетно за оние кои не пушат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Не сфаќам зошто токму таму ме оставиле и тоа пред портата на црквата, која и не постоела кога сум се родила.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Турчинот што го поседувал тој дел на полето по Балканската војна заминал за Стамбол.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа ви е фала што сте ме чувале како татко, црното од под ноктите сте го ваделе, сте се треселе над мене кога сум имал температура, сте ми го држеле челото кога сум повраќал, сте ми укажале да не се плашам од првата менструација, јас вам така, јас сум гомно едно, пичка ми мајчина.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Кога сум стигнал до предградието, пред огромната замрачена зграда, ме преплашила тишината оти ни жива душа надвор... на сите куќи прозорците се темни... во фабриката тика так тика так...
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Имам пријатели што идат кога сум сам и глуво легло на неизвесноста вијам.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Безброј пати ми раскажува: ме бањала кога сум бил бебе, перела и спростирала пелени, ме развиткувала и повиткувала, ме нишкала и ми пеела - Думба, думба, детенце, баба празно вретенце, - и - Цуцул пасе говеда - и ми кажувала многу други броенки и залагалки.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Обично тој Привид, барем досега, се појавуваше кога сум сам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)