како (прил.) - ли (чест.)

Маја Како ли блуеше оган во нашето море; млада миризлива струготина, сирова болност во премалата светликавост на сините листови.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Не... Прашавте дали некојa од нас го разбира зборот... Како ли беше?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како ли ќе одвикнеме од тоа и како ли ќе му се вратиме на ралото, на чеканот, мистријата... на тишината, на топлината под топло веленце и на меракот, а мерак е и тоа - да знаеш да гледаш и ѕвезди да броиш и во сено да се прпелкаш и меѓу снопје да се валкаш, на момина коса да погледнеш и длабоко да здивнеш - воздивнеш и да се радуваш - изнарадуваш затоа што си жив...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Господе, десет дена, па тоа е вечност. Како ли ќе ми поминат“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како ли ми ја врзува женава оваа вратоврска! Како божем прв пат да ѝ е тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Иако тоа е можеби навредливо за сите останати видови поезија, кои излегува дека не се напишани со мислење (а како ли би биле напишани тогаш?), кога е во прашање оваа на Вероника одредницата е сосема на место.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ќе ме препознаеш во гужвата и весело ќе ми мавташ со левата рака, држејќи некој друг со десната... а во твојата насмевка јасно ќе се чита прашањето: „Од каде ли ја познавам... и како ли се викаше?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мажите, што го носеа мртовецот, се менуваа постојано, а тој, Змејко, со торбичката со читанката и со таблицата преку рамо ги притискаше со раката кондилите и моливите да не тропкаат внатре и мислеше на тагата, мислеше на жалоста, ја носеше врзана во еден цврст јазел во грлото, го раскинуваше и него и му го сопенаше здивот, но мислеше како ли расчешнува таа кога оној, што го носат мажите, е твојот татко, да е скраја и далеку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ова е свет на халуцинација, Знаци, CIA И... И? Сега што? Како ли тие толку мали човечуљчиња- патуљчиња да ја протолкуваат оваа, од животна важност, порака?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Не ми е јасно како ли по ѓаволите можев да го промашам“. „Бидејќи е брз, многу брз“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А ако имаат, како ли ќе го поведат орото невестинско со една нога или без нозе, како ќе ја развеат шамијата на оро без рака? Како ли?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Како ли ти текна! - Не мене, тебе ти текна, загубенко!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но како ли се снемаа, кој ли ми ги дигна - не знам!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ако Хунзите имаат одлични тапанари Како ли изгледаат нивните ора и какво им е Тешкото?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Не знам што плачење и пискање било во училиштето, но гледам сето одделение, сите деца трчаат кон мене, кон пештерата. Како ли ме виделе?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Оној кој не плаче никогаш освен кога лаже, се поигрува како ли ја збори вистината премолчуван, преименуван преиначуван, забрануван со амајлии истеруван со клетви застрашуван?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)