како (прил.) - и (сврз.)

За спорот никогаш не се обрати, ниту пак побара помош од правната служба на СОНК. 64 Бидејќи неговите писма и барања упорно беа игнорирани –  Митревски, во текот на месец јануари 2007, конечно покренува судски спор за враќање на работа пред надлежениот Основен суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако дознаваат за ова, раководните структури во НУЦК, исто како и претходно, остануваат сосем рамнодушни но, во одговорот на тужбата, тие се повикуваат на тоа дека немаат пасивна легитимација т.е. не можат да бидат тужени,8 затоа што Министерството за култура како потписник на договорот за закуп или, пак, трговското друштво С. Р. С. ДОО како последен работодавач во конкретниот случај, а не НУЦК, е всушност оној кој треба да биде тужен [т.н. приговор за res inter alios acta].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- И самите папсуваат, - велам и со свои очи ги гледам како и тие папсуваат од зацапаноста во сопствените блата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Најпрвин видов некои листови испишани на турски со арапски букви, за кои претпоставував дека се купопродажни договори, потоа потврди за заем со кирилски букви и еден куп листови, грубо подврзани, испишани исто така со кирилски букви, како и еден исечок од весник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Велат „по утрото денот се познавал”, а беше ист како и претходниот: сив, безличен, бавен, неконструктивен, здодевен.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ова никако не значи дека Сорос и неговите центри (посебно неговите центри!) се филантропски творби што лебдат на десет центиметри од земјата; сигурно дека има (како и секаде каде што има доста пари и комплицирана човечка инфраструктура) некомпетентност, непрофесионалност, бирократизација, махинации, недоволна отвореност, недоволна информираност, мешање на државата...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мајсторот не почнува анализа на партијата, како што прават обично оние што загубиле, докажувајќи му на победникот како и од каде можела партијата да земе поинаков тек, во нивна полза, но правејќи го тоа повеќе за да ги смират нервите и да не изгледаат многу потресени.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го поздравив плашливиот провален провалник кој исто како и јас нестрпливо ја очекуваше вечерта – темнината во која полесно се краде, пие, танцува, сака... (Умирањето е добро и в зори.)
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Тихост го прелева ридот. Од мракот Ајги: Од зборот би се одвоил ти Како и од видот. (Парафраза на стих од Генадиј Ајги утро Почнува Убавиот Ден.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Во ходникот, како и секојпат од левата врата допира миризба на пржени јајца.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Благодарејќи им на карипските обивачи го изгубив својот дневник на некакви пост-марокански патувања и подоцна го пронајдов, од сите неверојатни места, на дното на џакузито крај плажата, но и тоа е приказна која треба да се бара во некој друг некогаш одамна, а не во овој; исто како и приказната за губењето на мојата омилена капа, една баскиска беретка, во застрашувачкиот Тахо де Ронда во Андалузија, и за нејзиното подоцнежно неверојатно враќање. 72 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Не стварај идоли на земјата. Сите тие се родени од на мајка им пичката исто како и ти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Уметникот, исто како и шаманот или монахот, поминува низ многу искушенија пред да ја верифицира својата концепција за гениј, адепт или светител (Божји лудак); патиштата низ кои сите нив ги влечат донесените одлуки се подземни, алтернативни, често пати бескомпромисни и согласно на тоа губитнички.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се прашуваме дали, ако Кинеското дрво ни значеше исто како и нему (како и морскиот брег и рамницата во близината поради која мисли дека светот е тркалезен, Црнците, шумата, ослободената пијавица и мочуриштето кое се граничи со гробиштата и игралиштето, црквата, неговата куќа, олеандрите, палмите и комарците, дабот кој има лулашка направена од автомобилска гума, лулашка која треба да се поправи, вилицата на ајкулата, школките од левата и од десната страна, и гризот за доручек) - па, само се прашуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истиот ден работеше и на чевелот со огледало на прстите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога тоа и го кажав, ми кажа што рекол: дека еден ден, додека влегувал во метро, видел еден човек како им продава моливи на две жени - човек без нозе, кој се движел со помош на платформа на тркала.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гавазите поблизу ѝ пристапија. Како и секогаш, тие со почит ѝ се поклонија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И не знаеш што мириса поубаво и посилно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од ѕитчето пак се појави момата. Како и секогаш, таа се искачуваше полека, мирно и достоинствено...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Шебоите веќе расцветале. Тие цветаат рано, како и босилекот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како и да е, потиснувајќи ја болката од разделбата со тоа што се трудеше да се убеди дека сето тоа е природно, за разлика од жена му која како мајка ја преживуваше разделбата како доилка што одбила рулче од боска, Гого продолжуваше да слика (зашто ништо друго и не умееше) следејќи го својот темперамент со истиот нагон и снага.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со пастрмките, како и порано, не излезе ништо. Уште при првото влегување на Бојан и Денко во вирот водата се замати и залудно беше сето нивно настојување да ги впишат под некој камен итрите риби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од DEJA MIS произлегува играта со зборови deja amis („Веќе пријатели“), како и играта со зборови за забрана, jamais („никогаш“), каде што и едната и другата асоцираат на инцест.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За судија на борбата Мустафа ефенди го одреди прилепскиот кадија Абдурахим Али.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, кутриот, се сврте наврапито спрема Максима, но Мустафа ефенди, како и сите Турци голем љубител на борењето, рече Јас ставам две лири на нашинецов и веќе немаше кој да одречи да нема борење помеѓу нив, помеѓу Лазора Перуноски од Потковицата и Иса од Кичевско: Мустафа ефенди го испрати протуѓерот да ја разгласи борбата за точно напладне во Али чаир па сите заедно слегоа во дворот на општината за да ги состават борачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури и Турците, кои како и христијаните кога ги слушнаа лелекањата на Јанческите дотрчаа на срецело, тие вооружени со пушки и со пиштоли, во тоа видоа божји знак и само велеа Ај Алах, Ај, Алах!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Битолскиот Грчки владика Партение беше начул за скарувањето Максимово со битолските и прилепските првенци, како и околу што било скарувањето, па скротил план како да го добие Максима за себе за од него да добие согаласност тој да ги освети општината и училиштето и така да ги направи грчки, па почна во Потковицата да испраќа свои луѓе, некои битолски трговци гркомани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Сите овие бедни и анонимни егзекутори, чии имиња се сведени на иницијали: А.А., Х.Х., З.З., Ц.Ц., О.О., како и многу други, сѐ до исцрпувањето на азбуката, - сите овие недопирливи суштества, сретнати или не, сведочат за последната мрачна епизода на старата традиција на жртвувањето што на Балканот не престанала до наши дни.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како и многупати на ова речиси безизлезно надреалистичко патување во родната земја, кога барабанската реторика на моите водичи ме исклучуваше со мислите, за среќа, во свеста, повторно ми се отвораше вратата на сеќавањето на семејниот дом, на Мајка и на Татко, со сите во семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Ах, не знам. Најдобро е да бидат по оној друг редослед, како во моментот на случувањето. А во тоа ќе ви помагаат како и досега моите потпрашања", настојува тој.“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас сум уверен дека ќе ви понудам појасна слика на настанот ако дозволите да го сторам тоа според дотокот на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Тоа е тешко, велам. И минатиот пат инсистиравте на тој ваш редослед па видовте колкави беа недоразбирањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги следеше крикот на галебите кои кружеа над коњаникот, како и тие да учествуваа во оваа преубава игра.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Исто како и при примената на скорешните настани, добро е да се ангажираат, како коавтори, други индивидуи кои историски учествувале во формирањето и дистрибуцијата на доминантната нарација која се отфрла во овој процес на ре-авторизација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова вклучува идентификација на настаните и искуствата кои имаат помалку директна врска со него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исто како и текстовите во однос на вистинскиот живот, приказните коишто ги живеат индивидуите се полни со празнини и недоследности кои постојано се натрупуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, и покрај фактот дека овие приказни внесуваат одредена детерминираност во животот, тие ретко успешно излегуваат на крај со сите непредвидени околности кои искрснуваат во “животот како таков”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Баждар пушташе низ ноздрите чад, синкав и тромав како и облаците над нас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сламарица, мангал, стар можеби како и Адам, мало како детска играчка масиче претрупано со клешти, чеканчиња, клинци и конзервени кутии со боја и туткал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа траеше можеби половина час, можеби и час; времето не ми значеше ништо и јас ја гледав таа жена, чисто тело, за мене непозната душа, ја гледав со каква студена страст го прави тоа што го прави, како се подвигува, како се извишува сама од себе и помислив: „Којзнае колку била несреќна надвор, и којзнае како и колку ја понижил некој маж, штом може ова да го прави!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот се смешкаше загадочно, како и секогаш кога сите мислеа дека сѐ е загубено, а тој исход чудесен наоѓаше, од ништо нешто сочинуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Господару“, реков, „Јас гледам, но не знам како и зошто вие и никој овде не гледа; па еве, во ова парченце има дел од косата на ќерката твоја, како абоносово дрво што е; ова е дел од устата, како калинка што ѝ беше, ова е дел од окото гулабово.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со очите изразив вчудовидување, а тој продолжи: - Еден месец подоцна, на 4 август солунскиот весник “Елиникос Ворас“, со големи букви вака ги извести своите читатели: “Жителите на убавото костурско село Крија Нера17 кои досега покрај грчкиот зборуваа на еден туѓ дијалект, трогнати од одличната иницијатива на патриоски расположеното население на селото Каридја – Птолемаида, спонтано решија во присуство на месните власти да се заколнат дека целосно ќе го заборават тој јазик и во иднина така тие, како и нивните синови, исклучително ќе зборуваат на грчки јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И штом било така, требало по секоја цена да се исползува случајот што процесот ќе се разгледува од граѓански суд, на кој ќе биде присутна публика, новинари, како и некој од драгоманите или секретарите на европските конзулати во Солун, за да се каже вистината за движењето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како и да е, Ели е сѐ уште мала и што и натаму да се случува не ќе биде толку трагично за неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Палтото треба да е послушно, испеглано, токму како и знамето што победоносно се вее.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тие, како и повеќето мажи, беа опседнати од парите и фудбалот, постојано застрашени од сечујната политика.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Вечерта на оној ден кога нашиот брат засекогаш замина од Виена, моите сестри тивко зборуваа дека сега е најважно тој од Лондон, со помош на своите пријатели, што поскоро да ни овозможи да заминеме и ние.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И затоа од секоја страница на својата книга за Мојсеј, брат ми како да крикнува: „Ни тој ниту пак јас сме Евреи; јас сум, како и тој, самороден водач и пророк!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Градејќи го ткивото на расказите, настојував да бидам искрен, да создавам со елементи кои ми прилегаат, кои произлегуваат од мене и ме прават препознатлив, како и во поезијата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но новото течење среќава и ќе среќава најдобар прием уште во неговиот зафаток и кај најдобрата, најинтелигентната и непродадената македонска интелигенција, како и што е резултат на умствениот и моралниот развиток на последнава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Има уште илјадници души од родот твој што како и тебе не клекнаа на колена и им останаа верни на коските на своите татковци!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во ушите, како и тогаш, почна да му чука тапанот и да му писка зурлата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Можеле да се зграпчат, секој со крвави прсти да му ги копа очите на другиот, а некои од другите подоцна кажувале дека и едниот и другиот Онисифор го сонувале пред тоа покојникот Дмитар-Пејко, жив и со живи прикаски на танките усни за она што ќе се случи, навистина за она што се случило подоцна на патот од Кукулино кон нигде и на пат од тоа нигде кон селото со седумдесет и шест куќи, најубавите од камен врзуван со вар, повеќето накривени, плитарски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Еве ги! Тие скоро и неизговорени зборови, тој шепот не посилен од шушкање на суви лисја, ги намалиле луѓето по засолништата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На патот, ако можело да се зборува за некаков пат, се појавиле неколцина, повеќето со шамии околу главата, облечени кој како и повеќето во бели бечви и со дебели објала на нозете.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред да сфатам како и кога, сета таа магија ме крена на нозе и ме доведе до прозорецот над кој мајсторот се двоумел дали да ѝ отвори пат на светлоста или да остави отвор за огњарка, тајна надеж дека со пушка ќе може да се спротивстави на арамии или насилници со чалми.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но далечното ѕвоно ја отчукуваше возбудата на моето срце што раснеше со трепетливоста на тагата и радоста, најпрвин на тагата за сите мртви на патот што пролетта ќе ја почувствуваат по движењето на лесковите или габеровите корења, потоа на радоста што сум жив и што можам со прсти да го допирам своето врело лице, што оздравувам од невестинска песна, придружничка на птици и клокотава смеа на селски дечишта: Кога, дете ќе ми плаче ќе ми плаче за цицање полегни го под стреине ќе заросам ситна роса ќе надојам машко дете ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна знаеле: на Онисифоровците како и на другите им недостасувале во бедните ноќи жени со бедра слични на полна месечина, или само така мислеле, жени покорни да станат облик според обликот на врелата машка жед.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Андриќ сфатил дека ѓаволот го повикува на кавга, па му рекол дека во литературата, исто како и кај парите, има едри и ситни.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Напуштија. Како и сите други војски на кралството, и тие ја фатија тенката патичка за дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
После слушаше како и во таа ветрива ноќ почнуваат да се извишуваат до вишенебеси изострените писоци на волците по Белата Долина, и сега можеше да биде добро замислена сета изгубеност на гладните попусти завивања низ сета таа ветровитост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Осквернет тој никогаш не си го позволувал тоа па сега си личеше себеси како да беше истрчан пред сопствениот лов, пред сопствената среќа, а тие требаше само да бидат пресретнати. Среќата како и ловот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ве молам, за покојникот, да ми издадете умреница... или како и да се вика“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во ресторанот беше тихо. Газдарицата седеше зад автоматската каса и ја целиваше својата тромава мачка, дебела и сива како и таа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ИЛИЈА: (како и погоре спокоен), Јас те поканувам да се спогодиме: ако ме победиш, ќе се откажам да ја барам Антица, а ако те победам да ми ја дадеш без да разбере народот што станало меѓу нас.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Како и со кои средства ќе ја прати на студии во Скопје, кога кредитите веќе јадеа половина од платата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Трајното ослободување на Потомците на блиската роднина (освен мојата маленкост) од ментално-физичката стега не само што ќе го задоволеше чувството за праведност ами можеше да поттикне и благополезна религиозна полемика, исто како и лектирата „Злосторство и Вазна“ на часот по литература, која ја воодушевуваше романтично настроената професорка. „Дали јас тоа споменувам - вазна?!..“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И пак гавранот Гавруш Гаврушевски, скитник како и овие двајца, заграка: Опа, опа! Пупи Паф ќе копа!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сиот црн и бушав, Гаврушевски гракал: „Најучени ќе сте Без најмала мака!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не сакаше да признае додека го слушаше брчењето на комарците: Јана не беше како сите други, дури како и онаа Марија, неговата последна љубов, нејзината младост сѐ повеќе го жежеше и го фрлаше во очаена осаменост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа првенствено би се однесувало на проучувањето на моторичката контрола и координацијата на рацете и очите, како и на психолошките процеси што се одвиваат за време на читателовото перципирање и запомнување на знаците.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Неверојатен сензибилитет и вештина! Честитам и Ви пожелувам и понатаму да го развивате овој талент исто како и пишувачкиот.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тогаш како и во оваа вечер кога го прогонуваа, ги следеше пред себе двете пијано прегрнати сенки, кои полека се намалуваа сосем да се сокријат зад нив пред новата светилка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но сето тоа беше површна и недокажлива информација, повеќе во вид на претпоставка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со методите што ги применував ја насетив соработката на Ниротакис со луѓе од Кратово околу некаков илегален логор за азиланти, како и неговата врска со специјалци од Србија и Унгарија за пренесување на мигранти во западно-европските земји.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И детето на убијци е дете како и сите други деца.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тие се должни да го спречат изгладнувањето до смрт на своите следбеници во доволно големи бројки што би можеле да бидат незгодни, и должни се да останат на истиот низок степен на воена техника како и нивните противници; но кога минимумот е еднаш веќе достигнат, можат да ја извртуваат стварноста како што сакаат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Помошната причина е таа дека членот на Партијата, исто како и пролетерот, ги поднесува сегашните услови делумно затоа што нема мерила за правење споредби.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа веднаш ја зеде ситуацијата во свои раце, исто како и во кантината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Клучен збор тука е „црнбел“. Како и многу други новоговорни зборови, и овој има две меѓусебно спротивни значења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но имаше еден момент - не знаеше колку долг, триесетина секунди можеби - од блескава извесност, кога секоја сугестија на О'Брајан исполнуваше еден дел од празнината и стануваше апсолутна вистина и кога два и два можеа да бидат три, исто толку лесно како и пет, ако беше потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти ќе бидеш уништен за минатото, исто како и за иднината. Ти никогаш не си постоел“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Квакањето од соседната маса, привремено замолчано од соопштението на Министерството, повторно почна, гласно како и пред тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Белата светлина и зуењето беа исти како и секогаш, но ќелијата беше малку поудобна од другите во кои престојуваше порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како и обично, лицето на Емануел Голдштајн, Непријателот на Народот, блесна на екранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Првото поглавје, исто како и третото, не му кажаа практично ништо што тој не го знаеше, тие само го систематизираа знаењето што веќе го поседуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По настаните, откога бил пуштен, Симон се сместил, како и другите долненчани, во онаа населба до Б., веќе сосема затворен во себе, молчалив и сив, и уште посвиткан отколку во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Не, домаќине мој. И добитчево е изморено како и ние.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Укината е и можноста вработените да се стекнат со акции бесплатно или по повластена цена, правото на првенствено купување акции од страна на вработените при условно зголемување на основната главнина, како и правото на вработените да им се издаваат нови акции врз основа на влогови во друштвото.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како и да е, нивната посета не ѝ донесе нималку радост.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога по судирот чкотна клечка ќибрит и го погледна убиениот непријателски офицер — како и него да го пронижа куршум, бидејќи во него го позна најблискиот свој другар од универзитетот во Марсеј, каде што двајцата студирале на една група, та дури заедно и во еден кревет лежеле цели две години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Козите, како и за многу други мајки, во тие времиња беа сметани не само за спасителки на луѓето туку и за вистински светици.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И тие како и војските, се напаѓаат кришум, подмолно, од заседа; се напаѓаат со опкружување или во редица; се напаѓаат молкум или со гракчеж што заглушува и паничи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На сивата корица, исто како и на неговиот зелен блок, стоеше насловот „Продавница за љубопитните“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нејзината постела беше мека како и порано. За богословот и за агентот. Не само за него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чекаше. Во нејзините очи пливаа златни искри. И таа беше како и првата, како и многу Марии на светот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го мачеше рапава пустинска жед, лименото грло на матарката беше суво како и планинската пролет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тројцата играат околу Кртот. Се отвара вратата од клозетот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Курта зазема типична поза на перспективен играорец. Вади марама како и сите искусни орски лидери.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Со ранец и со извалкани патики (единствено како и сега, и тогаш долго чекавме за виза пред конзулатот на јужниот сосед, што потоа се надоместуваше со едномесечни уживанции по грчките острови).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но и покрај тоа што беше полн до врвот, ранецот воопшто не ми беше тежок за носење, и со него на грб пешачев без проблем десетина и десетина километри по жешкиот европски асфалт.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Си ја замислував апсурдноста: распарталена книга пронајдена на улица а потоа прогласена за своја само затоа зашто не бил познат авторот! А згора на сѐ распарталена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За да ја сфатиме треба да го имаме предвид нејзиното сознание дека со смртта треба да се однесуваме како и со животот: да не се избрзува со решенијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Едноставно, не бев сигурен во нивната вистинитост како и во видот на нивната припадност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како карпата да беше тој самиот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Кога ќе стркалаш карпа од ридот зар можеш да знаеш кого сѐ ќе повреди, во што сѐ ќе удри и каде најпосле ќе се распарчи и ќе се здроби!“, ми вели тој а со очите како и вистински да ја гледа таа огромна грамада што се валка од ридот и оди право кон него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа е состојба што не се распродава. Како и сочувството.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Којзнае како и зошто но во борбите против Османлиите и тетин ти се нашол помеѓу српските војски.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
ТОМЧЕ: Ништо, тетка Ефке.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СТОЈАНКА: (Сентиментална е и силно заљубена, како и Томче, но, чувстаувајќи се навредена и загрозена, западнала во моментна настројба на огорченост, зајадливост и жестокост, во држење кое се поклопува со некакво инстинктивно женско тактизирање и уценување, иако по природа е непосредна, искрена и кротка девојка.) Добро утро...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во Перт има еден Преспанец кој како и сите добри домаќини си направил куќа чардаклија за од чардак севезден да ги пули ѕвездите како низ трепети му испраќаат ишарети од родниот крај што само тој ги разбира.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Во Америка улицата можеби и немала историски моменти, но таа е секогаш раздвижена, витална, кинетичка, и кинематичка како и самата земја, во која историската и политичка сцена малку значи, но во која жестокоста на промените е огромна, било тие да се хранат со технологијата, со расните разлики или со медиумите - тоа е самата жестокост на начинот на живот. okno.mk | Margina #10 [1995] 65
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Никој жив јунакот не го скорнува. И тој, како и Том од Чикаго, медал сонува.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
- Сиромаштија е тој... како и неговата држава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беше, како и секој пат, облечен во неговата доземи долга бањарка за која што баба ми Санда, мајка му, тврди дека му ја купила кога тој имал десет години и дека ја има зачувано сѐ досега само затоа што била изработена од многу квалитетен фротир што денес веќе не се употребува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајката Роса со две сонца во човечињата на очите, зацрвенета и сериозна, нејзините сестри близначки Сава и Танаска со по една момичка исти како и помалечките на Роса, трите нејзини ученички, Милка со две машки и нејзиниот маж и се разбира, Деспина, бликната од радост ама и од едно чувство на страв што ја мати радоста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)