како (прил.) - уште (прил.)

Тука е, шепнува. Сокриени зад огромниот фикус, ја гледаме како уште еднаш заминува...и веќе е на крајот на мермерниот базен: се нурнува, се потпира со рацете на работ, изронува, се извива над водата, се одделува од неа со капки посеани по лицето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше и една пеколна тиштина, зад која што од сите страни продолжуваше да си постои онаа раздвиженост; тој сега го носеше и тоа како уште поморничаво бреме по угорницата, го сеќаваше како го дебне од зад секое дрво, но продолжуваше нагоре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Легалото пак е празно, а како уште да има некој на него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да се срами, како уште да го затскрива лицето од војниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)