како (прил.) - убаво (прил.)

Највисоките претставници на дипломатскиот кор беа построени како убаво наредени и украсени големи саксии со цвеќе во свечената сала на УНЕСКО.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неколку години подоцна, кога повторно се видов во Париз како амбасадор на Република Македонија, при доделувањето на наградата на УНЕСКО на Јасер Арафат и на Ицак Рабин, по претходно доделената Нобелова награда, имав нов импулс да го запишам својот дел за годините минати крај Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Види ги ти нив, - си мислев, - како убаво се разонодуваат, како да се на забава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ќе размислам, - вели. И отиде да размислува како поубаво и како еднакво да ги сака сите луѓе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога одиме на оро сите во неа гледаат како убаво игра, а гледаш колку убаво девојче имаш. Тука и гостите ѝ помогнаа и потврдија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)