како (прил.) - преѓеска (прил.)

— Е море, бесат, колат тоа е сега — одговори Бојко. — Санќим ако не беше воа ќе не оставеа живи? Било такцир ќе се страда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Тој е, кој ќе биде друг. Толе со дружината — објасни останатиот селанец, Стојан Мегленецот, и испратија двајца од аскерите да сторат абер во Витолиште на мулазимот и мудурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За миг аскерите прснаа да бегаат надолу низ папратта, оставајќи го онбашијата, Трајка, Ташка и еден војник да клоцаат и да се валкаат во тињата под чешмичето, да стенкаат со забите, сега тие, како преѓеска Јован.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се собраа сега пак Толевци околу Јована, Бојка, како преѓеска онбашијата со аскерот и во кус разговор се разбраа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Судна мака сиромаси видоа додека влегоа кај неа и ја кандисаа, Кога тргааа да одат во земникот кај неа, ја најдоа вратата затворена, како преѓеска портата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)