како (прил.) - некогаш (прил.)

Би можела да те допрам како некогаш и тогаш... и да ми ги кажеш најтажните нешта ....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ќе љубиш некогаш некој, ни никогаш никој, како некогаш некој...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Изграден е речиси со голи раце големиот кинески ѕид на Балканот, со безброј жртви кои како некогаш пред повеќе илјади години во царството Кина, со вградени долги тунели во дното на пругата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во едно тој и син му беа согласни - чувањето на добиток иако можеби и тоа, според мислењето на младите, не се исплатуваше како некогаш, сепак го оправдуваше вложениот труд.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не беа како некогаш убаво поредени цвеќињата, лисјето, тревата, јасминовите стебла, лимоните, како во неговата виорна младост кога започна да работи во југословенската амбасада.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа подоцна се уверив кога се вратив од мисијата во земјата која ја претставував, во Југославија, за конечно да го поднесам својот палестински извештај на некој начин раздолжувајќи се, барем официјално со палестинското прашање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред мојата посета консултирале повеќе досиеја, бездруго и грчкото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имав впечаток дека вниманието кон Арафат и Палестина не беше како некогаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вечерта ги сретнав старите пријатели, познатите дипломати на земјата, дипломатот и писателот Рашид Дрис, дипломатот Таиб Слим (брат на некогашниот генерален секретар на ООН Монги Слим) на кои и покрај залезните години, како некогаш Хабиб Бургиба, така и неговиот наследник Бен Али, им доверуваше деликатни дипломатски мисии од интерес за земјата, но и пошироко во арапскиот свет, во Европа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сѐ беше како некогаш, подготвено за патување по брановите на времето, по страниците на отворените книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јагулче Дримски ја крена Јагулица на раце. Ја внесе в куќи како некогаш. На првата свадбена ноќ....
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)