како (прил.) - топол (прид.)

Претпладневната ракија како топол бран чинеше да го чувствува целосниот посед на телото, да си го зајакнува оптимизмот, илузиите, додека вечерната ракија ја пиеше за своја душа, таа му ја зајакнуваше носталгијата за старите времиња, за животот со семејството крај Езерото, за годините на младоста минати во Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не мириса ниту како атлантскиот брег во Португалија, ниту како ледените морски води на Данска и Норвешка, ниту пак како топлите карипски заливи во Порторико.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Топло, татковски ме држеше чичкото на коленото, очите му светеа, раката му поминуваше нежно преку мојата коса, а гласот му се лееше како топол галеж.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)