како (прил.) - голем (прид.)

За нив војната е просто постојана опасност, која како голем бран удира по нивните тела час од една, час од друга страна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓу цвеќето таа беше како голема пеперуда и јас можев да ѝ ги кажам само овие зборови: - Колку ти е убав букетот, мила...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А разгранатите, овде-онде по дворовите, расцутени бадеми и праски гореа со своите светлорумени крошни и се преливаа на сонцето, како големи сјајни рубини.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Х.Х. сигурно во тие мигови жалеше што не можеше да пребарува во моите мисли, да ја храни Централата со нови податоци за моите реакции, додека молчев загледан во линијата на хоризонтот која ја искривуваа белите облици на издадените бункери кои навистина ми се видоа како голем ѕид. Балкански ѕид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Наведнат над листот, се напрегав да ја следам мислата и да го дофатам зборот со сиот волумен, широк и дрочен како големата дрочна месечина што виси ноќва над Маказар, „селото со седумдесет куќи и двесте и осумдесет жители“, како што пишуваше во својот патопис Јохан Барт, сместено одамнина крај стариот пат Виа Игнациа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Плоштадот му изгледаше сосема чист како голема метла да ја измила нечистотијата што го зафаќаше сето пространство од кејот па сѐ до улицата над тврдината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Победата е како големата љубов: Охрабрува, возвишува, возхитува, пленува.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тие во црно догоруваа последни како големи свеќи на семејството, на животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)