Не заборави да ми додели и една пофалница: „Остаревме а ти не престана да ја употребуваш самокритиката како средство за смеа и разонода!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
МДМА е произведен во Германија каде за прв пат е откриен неговиот потенцијал како средство за слабеење.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тероризмот Гоце го прифаќал, но како средство на ослободителната борба, на определено место и во определено време.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Меѓутоа, точно е тоа дека МРО востанието го сметало како средство за реализирање на својата ослободителна програма, а не како цел.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)