А познато ни е, нели, дека додека поминуваме низ таа запенета доба нам ниту ни тежат годините ниту ни се чинат како планини недоодните проблеми.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со секој чекор скалите ѝ изгледаа како планина, а нозете тешки како туч, иако околностите налагаа дека таа треба да лета.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Така можеа да мислат на иста тема, единствена, и да починуваат од времето што им имаше натежнато како планина.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)