како (прил.) - пес (имн.)

- Наточи една кригла, жеден сум као пес со јазик до колена. - Веднаш, чичко Ване. Ова е гратис, како сефте.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа се извртив неколкупати околу самиот себе како пес што се врти пред да реши да легне, но не легнав, туку ја зедов машината за пишување за и јас да се фатам за работа, а да бидам блиску, да го слушам удирањето на копачот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеле само да ја исцедат од себе срцевината и да накотат во шупливоста ларви од кои тој самиот ќе се повторел во секакви облици и, со срце скриено од врани и душмани меѓу бозја, ќе го слушал златното брчење по ритчињата на татковската земја. „Таа е нема!“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му велам, ќе цркнеш некој ден како пес....
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се грбавел, умри, Лозане, умри Македонијо, од небото се спуштала преголема скрапла со премногу отров во свиениот опаш дури и за пет такви вилаети на пет или на петпати повеќе момчоци од шеснаесет години што исто така се мрак во еден мрак, грумак бол по своја врсничка, момчоци - синови на бекташи под дервишка ќулавка или на оние со парче руба околу половината, како пци со заби да ги измолкнале од сметиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)