ТЕОДОС: Па... Да седнеме... Ама... (На Поцко.) За дома збор повеќе да нема!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Истиот оној впечаток го имаше тој и при третиот истрел, тој сега речиси и како да си го виде своето зрно, додека леташе како оса и како се закопа во бедрото на она стршилиште, изнаоѓајќи го одлично во виулицата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мрмори, се мурти и тивко пцуе: Луѓето се како, како оси! Нека се ебат сите!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Си го пече Полин лицето на сонцето, а луѓето му брмчат оздола како оси: „Полине, метлата на Аранѓел фати по луѓето...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Зашто тие се голи и боси, туку и зли се како оси, ако ги разлутиш...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Сѐ уште не му е време: има уште шест месеци пред да му се придружи на веселото семејство со нивните трицикли. I love you lots. Love me. 4.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Како мајка ми излегувала во тесно здолниште како пикната во еден панталон и во фустани врзана како оса на половина, како вујко ми Вангел ја залижувал косата, а баба ми му велела дека е како да го лижела крава...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)