како (прил.) - око (имн.)

И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му ја гледаше само левата страна од лицето, побелениот мустаќ млитаво виснат, металното копче од блузата жолто блеснато како око на мачка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Убави беа, прекрасни беа, ги хранев, се грижев за нив и ги пазев како очиве.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дедо ми тогаш ја замолил мајка ми да го варди овој златник како очите. Сѐ иде во животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Охридското Езеро е како око, кое од гробот го гледа криминалецот Каин.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А оваа бунда е речиси нова! – Си ја вардев како очите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)