како (прил.) - маче (имн.)

Толе ја навали главата на нејзиниот скут и само преде како маче кога му ја мазнат опашката и го прашаат „писо мацо — дреме ли попот".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој само тоа и го правеше - задоволно се смешкаше и како маче се подместуваше за да биде почешан на вистинското место.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Види шо детенце е, натемаго! Кротко како јагне, лакомо како прасе, јаде и се оближуа како маче А види пак шо убаво се учи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таман на среткуќа кај долното било, за голема радост на Доста, од пелената се слушна нешто како маче кога мјаука. „Мјау, вјау, a јаа,а,а," — се распозна детски глас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа како маче се подава на неговото галкање.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Толку ѝ се намиле ова дете. А Крчо пак, инстинктивно ја почувствува оваа љубов на старата и само се умилкуваше околу неа како маче околу мало дете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ајде де, шо се гледате како маче и куче!?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)