како (прил.) - магаре (имн.)

Добар мој, Еди, сам си ги создаваш проблемите!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Толе проведувајќи го времето постојано во природата меѓу животните и птиците, им го знаеше нивниот немушт говор и ги имитираше: кога ќе зарикаше како магаре, сите магариња што ќе го чуеа во селото рикаа; кога ќе замукаше, како крава, сите крави мукаа; кога ќе залаеше како куче, се одѕвиваа кучињата; кога ќе замјаукаше, се одѕвиваа мачките; кога ќе закукаше, му се јавуваше кукавица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ќе те бара по сите можни ѓаволови дупки за ова да му го направиш повторно!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Свршувам како магаре... Се давам во сокот... Таа нагло се отргнува...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таа се клатеше со колковите по скалите угоре, а тој, натоварен како магаре, тешко дишеше позади неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Народниот гениј, на инаетчиите често им дава животински особености, па неретко, за некој инаетчија ќе каже дека е магаре, то ест дека се инати како магаре на мост.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)