како (прил.) - лист (имн.)

Да ѕунам и да трепетам како листот, јас ситноода.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
13. Во мракот падна уште една ноќ Во самотноста на глувото време што го обвива истечува семето на светот Ни деца ни внуци Само здивот и дланките негови оставиле траги од невени во иловицата на стиховите Отсутноста негова зборува дека дури се денат деновите во пазувите на ноќта тој постои И земјата што заоѓа во темнината подгонета од стожерот свој местото си го наоѓа пак во светлоста на вселената своја И да се развее песната негова како лисјето како песокот катот ќе си го најде во луѓето како водата како ветерот И колку страдалничко да е сеќавањето на гибелта ќе зборува за животот еден и в смртта кога во мраката ноќна огреваа сртовите низ една болка болка
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Чекајќи го тоа време, еве поминаа две децении, а јас не успеав да накалапам пари како листови од тутун, мазни и со исправени рабови и наредени по вредност и големина како за уплата на дневен пазар во банка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Солените зраци залудени ги покануваат рибите на валцер...ен два три...морнарски капи – мистериозни мапи...ен два три...љубовниците пијат лимонада – осамените сонуваат серенади... ен два три... загубени гаќи – јато страчки... ен два три... чамци прамци ланци и други тракатанци... ен два три...ен два три...еве ги моите родители, испокасани од решетките, сепак се вртат ритмично и лесно, иако сенки – гостинки сред радосното братство, иако...ен два три...иако го наслушнувам татко ми како мрмори: - Денот е како лист.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе се изјазам по стеблото на лозницата на чардакот, а таа горе чека, потреперува како лист од трепетлика, по кошула, на градите грее месечина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)