како (прил.) - кукавица (имн.)

Оди, Толе, собирај шо повеќе луѓе да свршиме работа, а тој ни капка крв не виде и а намачка како кукавица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие би продолжиле уште да редат, како кукавици на мртвен, ама Фоте, а по него Боге, ги покажуваат рибите држејќи ги за опаш, така што тие вака издолжени навистина се чинат големи како машки подлактици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Токо, ајде најдете го од ѓаволот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Горјан ги намести прстите на устата и трипати искука како кукавица: „Куку-куку! Куку!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)