Само за миг, обликот ми заличува на заробен човек, обвиен со мека но непропустлива чаура, како инсект фатен во плунката на паукот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Нема да се поштедиш од изобилството
знаци и емоции
нема никогаш да сакаш помалку:
причините се множат како инсекти.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ме убиваа како мирисот на твојата болница. Лазеа по мене како инсекти.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)