Во тоа верување сум ја вложил и сета смисла на моето пишување... Со моја особена почит
Луан Старова
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Франција му беше пример како земја со основна католичка традиција, во која се признаваше протестантската, еврејската и муслиманската димензија, како и волтеријанската (атеистичка) реалност, мошне претпазлива кон секоја религија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Овој сега е во состојба да ти рече сѐ, а јас го знам и како човек, што знае да биде и молчелив како земја,особено кога ќе појдиш кај него по белешка за исплаќање на твоите трудоденови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да појаснам: Потекнувам од земја што не постои. Постои Земјата како планета, ама не постои мојата земја како Земја.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)