како (прил.) - затвореник (имн.)

Му носеа тука јадење и го држеа како затвореник.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сѐ му изнапишав: „како ми е страв да ѝ кажам на мајка; дека ме држат затворена како затвореница; како секој ден ме навиткуваат да се согласам за Никола и оти еден ден ќе го сторат тоа и без мојата согласност.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Немоќта да го изменам овој ужасен свет во кој живеам ме тера стократно повеќе да го сакам ближниот свој - како затвореник, како соучесник, додека заедно ждереме кременадли во некоја мрсна гостилница...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сите ранети лица властите ги сметале како затвореници и ги лечеле во затворската болница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)