Имаше моменти кога се тркалаше по подот, бесрамно како животно, извиткувајќи го телото наваму-натаму во бесконечен, безнадежен напор да ги одбегне ударите, а всушност само добиваше уште повеќе и уште повеќе удари во ребрата, во стомакот, по лактовите, по потколениците, во слабините, по тестисите, по коската на крајот од ’рбетот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Почна да завива без зборови, како животно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Некои од нас сонуваат
необични животни
со гриви возвратени околу вратот
со набрекнати и за кас спремни бедра
како млади гиздави девојчиња
со копита за долги копкања
суштества што ’ржат и се пенат
од милост што се топат
суштества на јаве невидени
невјавнати, на лов неоднесени
би рекол и незауздани, неоседлани
неразждребени
а не знам од каде ми навираат зборовиве
непознати како животните
и бистрооки.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Легнувам, како човек, се будам како животно.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Диво водевме љубов со саканата на подот во дневната соба. Како животни.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Избриши го тоа од умот. Тие се беспомошни, како животните.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)