како (прил.) - ден (имн.)

Тактиката ѝ беше јасна како ден. Да го најде вистинскиот начин од неговите усни да извлече признание, барем еден излет што завршил во кревет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, како и тогаш и сега, се лажеш себеси. Јасно ми е како ден.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас и сега со сигурност не можам да тврдам кој беше тој црвец што толку многу ги подјаде детските срца, - гладот ли, стравот ли, казните ли, секојдневните понижувања, студот ли, можеби оценката за карактеристика, можеби стројот и тој проклет ѕид, а можеби сѐ заедно, но од сето тоа едно беше јасно како ден, - потскажувањето, кукавичлакот и злобата почнаа да цутат во домот како ран компир.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Татко ми првпат ѝ проговори од книгите: – Јасно е како ден.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)