како (прил.) - декор (имн.)

Одвреме-навреме ќе се подотвореше небото на исток, но како око мижурлаво, ќе одблеснеше малку светлина, но матна како слепило; ќе се оцртаа куќите и дрвјата, но само во контури, во силуети, како нешто вештачко, како декор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На таа прва приредба ние -првачињата - учествувавме со едно рециталче за буквите: триесет и една буква, триесет и едно прваче бевме присутни на сцената и како декор, како венец од најубави цветови.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Точно е тоа дека уште од прво одделение, поточно од првата училишна приредба, имав голема желба да свирам во мандолински оркестар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)