како (прил.) - сите (зам.)

Поп Петко фати аргати да се собере бериќетот од Биновите ниви и Крле беше зафатен како сите деца за првпат во својот живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И оште: Ние се обврзјавме самоволно да ги подржаваме и поткрепјавме со слово, сос дело, сос помоштна рака и заплата речените ни Костадин Блаже Дамчев, претседателја на општината, Јосиф Оносим Акинов, учител ни, Хаџи Ташку, свештеник ни, за това и за сичко горереченото потврждавме като се потписавме сос своја рака.“
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Понекогаш на овдешните собири се сретнувам со своите колеги, „источњаци“, EEW (East-Europian Writer), и гледам како се прилагодуваат кон однапред зададениот стереотип, како спремно дрдорат за censorship-от (иако самите не ја искусиле цензурата), како дрдорат за посткомунизмот, за секојдневието на својата тажна Источна Европа, како зборуваат за демократија и транзиција, како предлагаат мерки за излез од кризата (од национализам до агрикултура!), како спремно ги прифаќаат идентификациските етикети што ги носат како беџови, како се фаќаат едни за други - Русите за Унгарци, Унгарците за Чеси, Чесите за Полјаци, Полјаците за Романци, Романците за Бугари - како сите сложно да сакаат да ја откорнат таа голема и интересна посткомунистичка репка. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 159
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За тие луѓе шанкерот секогаш ме предупредуваше како да ги служам, а јас на тоа му велев: - Ма кои се тие, јас не ги знам, какви политичари, исти се тие како сите луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дури ми ја пееја „Кој да ти каже, Ивана“, како сите да криеја нешто, а тоа нешто што не сакаа да ми го кажат лебдеше во воздухот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Скриени се и недоверливи, но најпосле, кога ќе дојде моментот, и тие, како сите луѓе на светов, ќе го отворат срцето и ќе ја искажат својата благодарност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Томаица, односно Томето (како сите што ја викаа нагалено) тогаш имаше 18 години и беше преубава млада девојка која штотуку ја имаше завршено Раденичката школа за домаќинство и шиење во Битола.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Пее птицата, се истура, што се вели, како сите полиња и планини да ѝ се ставени во гласот. 11.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се помирија со судбината небаре им умре детето и тие продолжија да си живеат како сите сиромаси во селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А татко ми, како дојденец, туѓинец во овој град, не беше мигрант како сите козари, туку емигрант, човек што ја минал границата, па мораше да биде видливо лојален, да не се замери, за еден ден, со семејството да го добие бараното државјанство, да добие потврда за лојалност кон новата земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сашо: Еве, гледај! Раце како сите други.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)