како (прил.) - секој (зам.)

Волкот изеде ждребиња, телиња, јагниња, јариња — како секоја година и секаде, но Стале го искористи овој материјал и помогнат од вдовицата Трна ги наплаши селаните да почнат со подготовките за манастирот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Селаните пак тргаа на работа — како секоја година.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги залага децата од стрика му и помалите братчиња и сестричиња со по некое и друго симитче, шеќерче, си повечераа и се наредија во кошарчето како секоја вечер, само оваа вечер Ката си посла во ќералчето и Толе пак проведе една брачна ноќ со неа насамо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така спремнати чекаа под конакот да се јави Челебијата, да му се поклонат и да добијат по една насмевка како секое утро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Добре ми дојде! — го поздрави мајка му, и како секоја мајка, го прегрна и силно го избакна по широкото бело лице.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако му свикаа да се сврти како што треба, џвакаше безволно, споро, како секој залак да го испитува и проверува во устата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Зборуваше малку, како секој стопанственик, кој божем, ако зборува, би ризикувал да ги оддаде деловните тајни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сѐ му изнапишав: „како ми е страв да ѝ кажам на мајка; дека ме држат затворена како затвореница; како секој ден ме навиткуваат да се согласам за Никола и оти еден ден ќе го сторат тоа и без мојата согласност.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ВЕЛИГДЕН е ама животинките бараат сѐ како секој ден - па мора да се подмират.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Како секој потчинет и ропски човек, тој беше смртно исплашен за својата бедна иднина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Како секоја вечер, така и оваа, по навика, прво однатре ја залостив портата од дворот ограден со висока авлија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Арно ама „јагнето”, проклето да е, уште комисијата не била излезена, замекало како секое козле...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)