како (прил.) - овој (зам.)

Надворешните опасности, пожарите како овој, поплавите, одроните на планините, земјотресите, можат да го уништат мојот успех и да ја направат ништожна мојата идеја, да остане ископината како некој остаток од минатото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За тоа, како овој милионски град бил системно, по принципот на „килим“, до темел уриван од германските окупатори, гледав еден документарен филм во Градскиот историски музеј, во старот дел на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имав двособен стан, не толку убав како овој во Скопје и секогаш полн со гости. А тука - досадно.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Освен ова, имам уште гестови од тој тип, од дада- периодот. Како овој чек.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)