како (прил.) - ме (зам.)

Знаеш ли како ме зграпчи мене? На сон!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наведнат, почувствував како ме поткрева чукањето на срцето, големата возбуда, која мислев дека ќе ме строши.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Боже, како ме изваде од ум !!!“ вриеше Таки ифритосан.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не знам како ме гледа, ама ме гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сетив како ме тегне за рамото и сфатив дека се разденува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Можев и самата - рече додека ме откриваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како и порано гледав како ме пристигнува на Слатинските ливади, а веднаш потоа ќе почувствував како ме поткренува од земјата откако ќе ми го фати вратот помеѓу палецот и дланката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи колкаво рачиште има, ќе си речев! (Сето ова ми се случуваше пред да ги отворам очите и пред да сфатам дека сè уште сум долу во најцрната темница). Бегав, лудо бегав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И самиот не знам како ме маѓепсаа. Ме заведоа по нивниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еднаш напладне отидов на лизгање сам; измешан со луѓето, забележав како кон ридот се приближува Надењка и како ме бара со погледот...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Страшно ѝ е да се спушти сама, о, колку е страшно!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уф, чинеше тој; чинеше и таа. - Како ме најде? - Те барав дома...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Еда, како ме сакаше Ракида, ќе рече Давиде Недолетниот, еда, зошто ме сакаше, да му’бам мајката, еда, што велеше кога ме сакаше, ќе вели и пак ќе тргне низ шумата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)