како (прил.) - тече (гл.)

Но, за да се запознаете со тоа како течела изградбата ќе го погледнеме филмот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И повремено им носеше весници од градот и им читаше запознавајќи ги како тече спорот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Примерот на Н Н е за одбележување затоа што укажува на потребата работниците - тужители, од позиција на властодавци, секогаш навремено да ја следат и оценуваат работата на своите полномошници–адвокати, како тие го водат процесот и како тече неговата динамика, па ако е потребно, по претходна консултација со друг адвокат, да проценат дали е целисходно да го променат својот договорен правен застапник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој имплицираше, а ние се сложуваме, дека оваа „современа установа“, извршител,7 не е без маани и дека сумата која истите ја побаруваат и од доверителот и од должникот е несразмерна со тежината на нивниот вложен труд! ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Замисли си“ му реков на Ѓурчина „онаа луда Огнена Гулева сонувала да преспие со тебе само за да и се роди и нејзе синче од познат главатар; зарем не те радува тоа?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Имаш право. Сонувала. Бидејќи и останало само да сонува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Како течеше тој разговор помеѓу вас? Ќе го опишеш? - Беше многу обичен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На Ѓурчина, најнапред, му го претставив однесувањето на Огнена, се разбира со мои зборови; спомнатиот разговор помеѓу неа и мајка ми беше отпечатен во мојата глава, посебно делот во кој во детали се објаснуваше нивната љубовна врска; не ја заобиколив и гласната смеа на Огнена Гулева особено во моментите додека ја изложуваше својата зависливост!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)