како (прил.) - сум (гл.)

Не знам како сум дошла овде, кај сум била досега, кон кај да се свртам сега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И пак ќе си велам: како сум можела, господе, да не го сакам?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако сум умрел, како сум сега тука?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Не само тоа. Тие можеби виделе и како сум го клецкал радијаторот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како сум можела, си мислам, како сум смеела да не ја сакам оваа милина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како сум можел, си реков, да не те видам порано?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, додека како Германка занесена во книгата заборавам каде сум и со кого сè сум дојдена, слушам како тројца „напалени“ Срби коментираат како сум сирота и сама и како би ме дружеле наизменично.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)