како (прил.) - напредува (гл.)

Како напредува Алексеј?“, прашувам јас, најмногу за да ги одложам непријатните нешта или да го свртам разговорот кон помирни води; сѐ ми се чинеше дека татко ти е затечен, можеби и збунет од посетата но и од директниот настап на Иван Степанович па смислуваше некои објаснувања во врска со оној проклет Корпус, но не сака што се вели прекутрупа и необмислено да истапи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури и додека ја гледаше црната орда како напредува кон југ, тој виде уште една сила, необјаснето собрана, ненадејно никната во нејзината заднина, како ѝ го пресекува патот по копно и по море.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И секој ден ја пофаќаше за мевот и проверуваше како расте, како напредува плодот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Алексеј го запишав во училиште! Почна да станува човек.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како напредува Речникот?“ праша Винстон кревајќи го гласот за да ја надвика вревата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)