како (прил.) - дојде (гл.)

- Итар е Влаот, - рече Методија. - Паметиш како дојде во селото само со торбе в раце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Па, како дојде ова вака, вели и го накрева мевот, загребини фрла со нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заклучонаја Тимјановна! Не знам како дојде да ме презиваат Тимјановна, а не Абазовска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, никако не ми влегува в глава како дојде пред мене?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова дојде, не знам како дојде, ништо не ми е јасно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите знаеја како дошол дотаму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
4. На тие што ме најдоа заспан на работ на една џунгла, за да знаат како дојдов тука, им нацртав камила, а на нејзиниот грб едно црно и едно бело дете. Белото дете бев јас.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Можеби им личев на добродушно џуџе, или на водено дете излезено од некое море, или пак на ловецот што го убил волкот и ја спасил Црвенкапа.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Така, како дојде татко ми на помислата дека Чанга со козите се наоѓа во Калето, не беше тешко да се открие.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никој не знаеше од каде дошла, ниту како дошла, па првиот податок за нејзиното пристигнување е службениот записник кој самиот го издиктирал по разговорот со неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како дошло - така пошло... Како во сон...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Никој не знае како дошле арапите, како ја намирисале меаната од Доксима Тренчески...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами, како дошол, браче Јоне, вели Уља, кога ние го знаеме во Америка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јон зема секира и една рака пченка и почна да ги ваби: пире, пире, пире, ги ваби кокошките и која како дојди, фатија ја и пум со секирата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)