како (прил.) - гледа (гл.)

Останував настрана од нивниот свет и од нивните разговори во кои зборуваа за себе како за сопруги и мајки, потслушнував како гледаат кон иднината, а јас погледнував кон минатото, и ми изгледаше како со бракот и мајчинството, за кои се спремаа, да го победуваа времето, со нив тие се врзуваа со целата низа мајки до првата крв; а јас чувствував дека останувам далеку од таа низа во која се множеше крвта и во која крвта обединуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На Винстон му помина низ главата дека ова е првпат во животот како гледа, со знаење, во член на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како гледаше тој на тие мои пријателствувања?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Погледот му се избистри и сега можеше да ги види другите двајца како гледаат долу во него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред мене го имам твојот осврт кон студијата „Анатомија на власта“ од Галбрајт и оној суптилен есеј за тоа како гледале на власта Исус и неговите ученици, посебно Павле.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)