како (прил.) - двајца (бр.)

Додека потта ја влажни марамицата ние сме како двајца ватерполисти кои пливаат за топка.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Тоа се случило во последната година на деветнаесеттиот век, пред Велигден на седум или осум дни, еден наспроти друг стоеле крај жолта чеза со спрегната кобила и со бело ждребе - црвенокосиот бег куп стврднато нишеста во кожа и облека и попот Зафир Јосков Вртипоп, испотен човекојадец во долга мантија, и се искажувале почести како двајца великани, првиот со имот и власт, вториот со знаење да ја надитрува смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
DD ЕВ: Сега се двајца. DD ПТ: Како двајца папи. DD ЕВ: Едниот папа е европски, а другиот американски. DD ПТ: Ја видовте изложбата на Докупил во Sonnabend Галеријата? DD ЕВ: Не, сѐ уште не сум отишол.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)