каде (прил.) - сега (прил.)

И така стасаа до крајниот вагон ... Каде сега?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Цел ден ги обиколуваше ридиштата, помина и откај колибата на покојниот дедо Иван, каде сега за добитокот се грижеше некој туѓ човек, измеќар, бидејќи син му на дедо Иван не можеше да се врзе за колибата, беше премногу зафатен со полски работи околу селото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па добро, мајчето ваше мајчино и сестра и прабаба до дете од половина кило, од каде сега вие овде, дома, кога ни жива душа од српската, војска уште не е демобилизирана, а?...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Зошто не објаснуваш поопширно? Ништо не разбрав, од каде сега пак јас да знам што е тоа: полово созревање?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)