ич (прил.) - гајле (имн.)

А пак тој? Ич гајле нема!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За ниј ич гајле не бери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа ќе си остане со Стоја со едното дете во нивната куќа, ич гајле да не бере, ни за куќа, ни за покуќнина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За тоа мене ич гајле не ми е.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ама девојчето ич гајле нема, ни за мажачка ни за лажачка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Најстина сум мал, сега завлегу во седумнајсет, токо ја и ошче помали и татковци се сториа и пак ич гајле не му е, — и Крчо ја исправи главата, што му беше наведена уште од Достаната навреда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)