итно (прил.) - да (сврз.)

Сега баш не е време за тоа, оди сегашнава задача ми е итно да стигнам до селата и градовите и на децата да им ги расподелам играчкиве.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ова се 25.000 динари за вас. Жал ми е но ќе морате итно да ја напуштите куќава.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Нудење на решение. Му предлагам на Генералштабот на АРМ, како лично мој мал придонес во усогласувањето со НАТО стандардите, под итно да издаде наредба за строга забрана на употребата на жаргонот на некогашната ЈНА!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)