И уште се потсети Фимка на жената, која пред неа го тераше коњот со ранетиот командант, на кој му велеше: - Има мајка, синко - велеше жената и во нејзините зборови истовремено со тивкото тропање на коњските копита одзвучуваше и шушкањето на опинците по планинската правлива патека што змиулесто се спушта прудолу по голата удолнина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Истовремено со нив пристигнуваа и музичарите. Надалеку ечеше звукот на зурлите и тапаните.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Истовремено со тоа, во собата, сиот во крв влегува Фезлиев.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Истовремено со преобразбите на телото, и самата психичка сексуалност се трансформира, персонализира и еротизира. 50
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
- Камчето, - му рече по француски. Истовремено со прст покажа на матарката.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)