Библиотеката истовремено ќе биде и храм и монумент, но би рекол, истовремено и подземно скривалиште, кое ќе го заштитува од сите ментални напади диригирани од диктаторската власт.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Му читаш во растреперените раце дека не е подготвен да си го покаже навежбаниот задник, на кој е посебно горд, но само во панталони затегнати со дупла игла на ременот и, како син на мама, која исто ги воспитувала и него и дада му, демек „прво само до пола“, строго се држи до лекцијата, а мота низ главата зборови со кои истовремено ќе остане „мачо мен“ (а ќе одигра како путе на пубертетлика, која час не сака, час умира од желба да направи нешто недозволено), за да има што да раскаже по пет испиени пива, и тоа фури по петтото, како неверојатно си прошол и како усреќил некоја, која, секако, во приказната ќе биде барем десет години помлада и барем десет сантиметри повисока и десет килограми полесна, со „страва“ тело и гради и, што им е исто така важно, „многу паметна девојка" и, во приказната за безобразно добриот секс ќе изостави дека таа, всушност, си заминала!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Си спомнувам – реков – ама не знаев дека вака може да биде.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дека ќе се сретнуваме секогаш кога двајцата истовремено ќе посакаме?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Одредбите на овој закон не се однесуваат, односно применуваат на самовработените лица. (чл. 3) Во законот е предвидено дека минималната плата изнесува 39,6% од просечната бруто плата во РМ за претходната година, а висината на истата е предвидено да ја одредува Министерството за труд и социјална политика по претходно прибавено мислење од Економско - социјалниот совет. (чл. 4) Надлежен за контрола при исплаќање на минималната плата е Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика. (чл. 5) Предвидено е дека доколку инспекторот за труд утврди неправилности сторени од страна на работодавачот истиот е должен да состави записник во кој ќе бидат утврдени сите неправилности и ќе му остави рок од 8 дена во кој рок работодавачот е должен да ги отстрани неправилностите и истовремено ќе му биде врачена покана за спроведување на едукација на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во врска со овие поведенија се воведе и процедурална одредба, чл. 57-б, со која се пропиша дека доколку инспекторот на трудот утврди дека е сторена неправилност ќе состави записник и ќе укаже за нејзино отстранување во рок од 8 дена, а истовремено ќе врачи и покана за едукација на работникот или работодавачот, која се спроведува во рок не подолг од 8 дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Дали е тоа епистемологијата на плакарот и нејзините многукратни двојни врски, продорниот режим на хетеронормативноста и на хомофобијата, врховното значење на родот, неспорната заводливост на мажественоста, незгасливата желба за убавина или невозможноста хомосексуалноста наивно и невино да се искуси како нешто сосема природно, светот во кој суштествуваат геј-мажите постојано ги потсетува на нивната неизземеност од животинските стварности на сексуалното раслојување, на културното значење и на општествената моќ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Италијанските вдовици од Фајер Ајленд ја немаат можноста, способноста, да бираат дали да се искачат до достоинствена јавна улога што истовремено ќе им ја признава и почитува тагата; не можат да утврдат дали на нивните загуби ќе им се дозволи во очите на светот да се издигнат до статус на трагедија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Користејќи го овој „среден пат“, се трудевме и посакуваме оваа студија да стане еден вид прирачник, или водич за водење работни судски спорови – кадешто „обичниот“ читател, преку позитивни примери и инспиративни искуства од праксата, истовремено ќе може да се запознае и со основните процесно-правни поими кои се среќаваат при водењето на речиси секој судски случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)