исто (прил.) - онака (прил.)

Касарнската дисциплина беше попуштила, исто онака како што попуштаат обрачите на бочва од туршија, кога ќе стои на сонце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Началникот на училиштето ја ценеше Гоцевата способност, даровитост и ум.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Брзо се преврте во креветот, грабна еден чевел од подот и го фрли во аголот со машки замав на раката, исто онака како што ја виде она утро како го фрла речникот по Голдштајн, за време на Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наслушнувањето на соговорникот ме примора, исто онака како што дојдов – брзо и сама, да заминам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
На истото место и исто онака со диференцијалот на којшто работеше дента кога ја здогледа Германија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
ВР е епистемолошка меѓа, нова стварност, којашто ја делиме исто онака како што ја делиме реалноста.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Место сето тоа, тој само зграпчи една рака од таа црвеникава мека раздробеност, а после ја пушташе да му се рони меѓу прстите, паѓајќи исто онака безшумно, пепелаво и право, како и густите ситни преспи на снежинките во прозорецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И додека се грееше на својот оган, што се загнездуваше добро на неговата бука, дури и потплуснувајќи исто онака весело и пријателски, како дома, тој почна и да разговара со својот сосед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А погледот им остануваше постојано заталкан и на самата граница на изгубеноста во тоа разресено и ниско стежнато небо, кое изгледаше исто како над шумата да беше налегнат некој со години нестриган овен со своето руно, под кое беше исто онака топло и заглушно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури сега мршарот се одзва со она свое тивко, цвичливо скимтење, беспомошно и исто онака, божем сакаше да му рече дека тој не е во состојба да му донесе ниеден од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле, морав да се соочам со очите. Ме меркаа исто онака подбивно како јас моите клиенти, со истата надмоќ.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Јас се крстев годинава. Не го задржав моето моминско презиме, како што сакаше дедо ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Исто онака како кога дедо ќе ми ја ставеше раката на главата и ќе ме помилуваше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)